Добредојдовте на АгриФарм – место каде што се среќаваат традицијата и вкусот на домашното производство.
АгриФарм е создаден од љубов кон македонската земја и нејзините плодови.
Ние сме мостот помеѓу вредните раце на домашните производители – фармери, земјоделци и пчелари – и купувачите кои бараат здрави, природни и квалитетни производи.
Кај нас, производителите – вредните луѓе од селата и малите семејни стопанства – можат да ги понудат своите производи директно до купувачите што знаат да го ценат домашното, природното и вистинското.
Што нудиме ?
Нашата веб апликација е дигитален пазар каде што:
-
Производителите можат лесно да отворат свој профил и да ги претстават своите производи.
-
Купувачите можат да пребаруваат производи според категорија, да споредуваат цени и квалитет, и да купуваат директно од изворот.
Овде ќе најдете сè што е направено со срце и душа, како што тоа се правело од памтивек.
Со АгриФарм:
- 1. ќе го поддржите трудот на нашите земјоделци и фармери
- 2. ќе купувате без трговци, директно од производителот
- 3. ќе внесете здравје и традиција на вашата трпеза
Нашата мисија е да ја зачуваме традицијата, да ја поттикнеме домашната економија и да го доближиме вистинскиот вкус на селото до секој дом.
Нашата визија е да станеме водечка платформа за домашна и локална храна, каде што секој производ ќе има приказна, а секој купувач ќе биде дел од промена што значи поддршка за здрава исхрана, чиста природа и силна заедница.
Да го поддржите локалното производство и да бидете дел од заедница што ја вреднува традицијата, квалитетот и транспарентноста.
АгриФарм – за да знаеш што јадеш и од кого го купуваш.












