Посебно е чувството кога од повеќе природни убавини, мешајќи ги заедно, се добива магија што негува, потхранува и разубавува... ...и надворешно и внатрешно...
Природен мелем што содржи само пчелин восок и мацерати од посебно избрани билки за нега на кожа, набрани од чистата околина на Јабланица, за третман на различни кожни проблеми како егземи, исеченици, изгореници, рани, лузни, хемороиди,сува кожа... Мелемот може да се користи повеќе пати во денот во зависност од потребата.
Состав:
Пчелин восок, масло мацерат со: кантарион, ајдучка трева, гавез, орев, глуварче, невен, смиљ, рузмарин























