Joveski Garage Winery
Со AgriFarm од 03/12/2025
- +38970252601
- pjoveski@yahoo.de
- Gorno Sonje Skopje
Опис за производителот
Винаријата Јовески е мала винарска визба, сместена во селото Горно Соње, Скопско. Семејството отсекогаш се занимавало со лозарство и не толку одамна се појави идејата и желбата да се прошири долгата традиција на служење сопствено вино на приватни прослави и да се понуди и надвор од семејството и кругот на пријатели. Нашето вино пренесува мал фрагмент од историјата, испреплетено со приказните за селото и семејството Јовески. Бидејќи се чувствуваме тесно поврзани со нашето село, нашите вина од сортите Вранец, Каберне Совињон, Хамбург Мускат и Ризлинг се именувани по месности во и околу Горно Соње: Азмак, Коштан, Падина и Пеш. Со исклучок - но со добра причина - на ризлингот наречен Бранденбург.