Жилавка
Жилавка

Жилавка

Цена: 450 денари
Категорија: Алкохол
Преку карго доставувачи

Квалитетно суво бело вино од Тиквешкото виногорје. Произведено од сортата на грозје Жилавка. Виното се карактеризира со зелено-жолта боја. Аромата е комплексна, овошно-вегетативна, доминираат аромите на свежо искосена зелена трева, македонски билки и сочни ароми на зелена лозарска праска. Вкусот е полн, свеж со изразен минерален карактер и пријатна горчина во финишот. Најдобро е да се послужи разладено на температура од 10 до 12 степени. Берба 2024 година.

Ограничена серија 1000 шишиња

Напиши коментар

Треба да бидете најавени за да напишете коментар

Wine & Spirit Podrum Paradžik

Регистриран продавач од 11/06/2025

  • 078 265 591
  • podrumparadzik@yahoo.com
  • Ваташа Кавадарци
Опис за производителот
Подрум Параџик е мала семејна винарија лоцирана во село Ваташа. Во винаријата главен ангаржман при производтвото на вино го има сопственикот на винаријата и дипломиран енолог Блаже Параџик. Винаријата располага со сопстврн лозов насад од сортите Темјаника, Смедеревка, Жилавка, Каберне Совињон, Станушина и Вранец, мал дел од сортиментот се набавува од коперанти. Покрај производтвото на вино оваа семејна винарија произведува и квалитетна Лозова Ракија и Вињак (Коњак) во помали количини. Винаријата е со капацитет од 15 000 шишиња на годишно ниво, со тенденција да се зголеми производството и преместување на винаријата во селото Моклиште каде што се сместени и лозовите насади на винаријата.

Потврди Откажи
Измени