Балван Вранец
Балван Вранец

Балван Вранец

Цена: 500 денари
Категорија: Алкохол
Преку карго доставувачи

Квалитетно суво црвено вино од Тиквешкото виногорје. Произведено од сортата на грозје Вранец. Виното се карактеризира со интензивна боја и арома на презереано овошје со џемасти ноти. Виното се одликува со богат ектракт и полно тело кое долго трае. Нефилтрирано вино зреено 12 месеци во шише, можна е појава на седимент. Се препорачува декантирање пред конзумација. Се сервира на температура од 15 до 18 степени во комбинација со црвено месо и полномасни сирења.

Берба 2022 година. Ограничена серија од 1200 шишиња.

Напиши коментар

Треба да бидете најавени за да напишете коментар

Wine & Spirit Podrum Paradžik

Регистриран продавач од 11/06/2025

  • 078 265 591
  • podrumparadzik@yahoo.com
  • Ваташа Кавадарци
Опис за производителот
Подрум Параџик е мала семејна винарија лоцирана во село Ваташа. Во винаријата главен ангаржман при производтвото на вино го има сопственикот на винаријата и дипломиран енолог Блаже Параџик. Винаријата располага со сопстврн лозов насад од сортите Темјаника, Смедеревка, Жилавка, Каберне Совињон, Станушина и Вранец, мал дел од сортиментот се набавува од коперанти. Покрај производтвото на вино оваа семејна винарија произведува и квалитетна Лозова Ракија и Вињак (Коњак) во помали количини. Винаријата е со капацитет од 15 000 шишиња на годишно ниво, со тенденција да се зголеми производството и преместување на винаријата во селото Моклиште каде што се сместени и лозовите насади на винаријата.

Потврди Откажи
Измени