Квалитетно суво бело вино од Тиквешкото виногорје. Произведено од сортата на грозје Темјаника во микролокалитетот Моклиште. Виното се карактеризира со зелено-жолта боја, освежително, со карактеристичен вкус и арома на бела лозарска праска и цветови на крин и темјанушка. Одлично се комбинира со лесни салати, неутрални кремасти сирења и десерти. Најдобро е да се послужи разладено на температура од 10 до 12 степени.
Берба 2024 година. Ограничена серија од 1200 шишиња.













.png)












